Менаџерот на украинскиот непоразен боксер и актуелен шампион на ВБА Супер, ВБО, ИБО и ИБФ во тешка категорија, Александар Усик, Егис Климас, потврди дека неговиот клиент планира да присуствува на борбата меѓу Тајсон Фјури и Дерек Чисора.
Климас очекува во Лондон да ги заврши преговорите за евентуална борба меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури за титулата неприкосновен светски шампион во тешка категорија.
„Веќе купивме билети за Лондон. На 3 декември летаме на борбата Фјури-Чисора. Се надевам дека таму ќе ги завршиме преговорите“, изјави Климас во интервју за Јутјуб каналот ЕСњуз.
.