Шпанскиот тениски тинејџер, Карлос Алкараз, уште еднаш покажа дека споредбите со неговиот славен сонародник Рафаел Надал се на место, откако во неделата прво спаси две меч-топки во полуфиналната пресметка со Алекс де Минаур, за денес со 6:3/6:2 за нешто повеќе од еден час да го „уништи“ Пабло Карењо Буста и го освои трофејот од Барселона, негов втор во кариерата.
Алкараз помина повеќе од пет часа на теренот во неделата, бидејќи прво се спаси од пораз од Австралиецот Ди Минаур, за потоа против ветеранот Карењо Буста да покаже неверојатна сила и знаење за игра на земја за убедлива победа.