Карлос Алкараз експресно ја мина првата пречка на Вимблдон откако без проблеми го елиминираше Французинот Џереми Шарди со максимални 3-0 во сетови.
Првиот носител делуваше особено моќно во првиот сет, во кој не му дозволи на противникот да освои ниту еден единствен гејм. Шпанецот потоа стигна до брејк и рано водство и во вториот сет, по што рутински славеше со 6-2, за Шарди најголем отпор да пружи во третиот сет. Алкараз дури и се најде во негатива од еден брејк (2-4), но експресно возврати, за потоа до крајот на сетот да направи уште еден брејк за конечни 7-5.
Следен противник на првиот носител на Вимблдон ќе биде подобриот од француската пресметка меѓу Александар Милер и Артур Риндеркнеш.