вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз: Новак психички е како карпа

Алкараз: Новак психички е како карпа

Актуелниот светски рекет број 1 и бранител на титулата на УС Опен, Карлос Алкараз се подготвува за овој турнир и ги покажа искажа своите импресии пред старот на УС Опен.

„Што е тоа што најмногу ве импресионира кај Новак како играч – и што би можеле да примените во вашата игра?“ беше најинтересното прашање за Карлос, на кое тој без премногу размислување одговори:

“На сите им е јасно дека Новак е еден од најголемите тенисери во историјата, без никакво сомневање. Сè што ја прави неговата игра каква е, е неверојатно. Она што најмногу ме импресионира е тоа што тој е психички – како карпа. Никогаш не се предава, Без разлика колку е тежок моментот во кој се наоѓа, тој секогаш ќе најде начин да си даде можност да го продолжи натпреварот и да дојде во позиција да победи. Тоа според мене е најважното нешто во неговиот пристап кон играта – и тоа се обидувам да го воведам во мојата игра и односот кон натпреварот исто така. Подобар пример од нашето финале во Синсинати – нема, и имам намера да ги научам и да ги извлечам вистинските лекции од тоа“, рече Карлос.