Карлос Алкараз очекувано без посериозен напор во три сета го совлада италијанскиот тенисер Матео Арналди и се пласираше во четвртфиналето на УС Опен.
Алкараз мечот го доби со 6-3, 6-3 и 6-4. Шпанскиот тениски ас за два часа го среди својот противник и избори место меѓу осумте најдобри.
Во четвртфиналето Алкараз ќе игра против победникот од дуелот меѓу Зверев и Синер.