четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Алкараз за наградата „Лауреус“: Посебна ноќ во Париз!

Алкараз за наградата „Лауреус“: Посебна ноќ во Париз!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е пресреќен за наградата „Лауреус“ во категоријата „Откритие на годината“.

-Неверојатно посебна ноќ во Париз! Ви благодарам за наградата. Благодарност до академијата и сите што го овозможија ова. И, се разбира, честитки до сите победници и номинирани!“, напиша Шпанецот на Твитер.

Дваесетгодишниот Алкараз кој изминатиот викенд го освои Мастерсот во Мадрид, во моментов е на втрото место на АТП ранг-листата. (МИА)