Рускиот тенисер Андреј Рубљов успеа да се закити со трофејот на турнирот во Ротердам на АТП 500 и ја запиша осмата АТП титула во кариерата, четврта во серија.
Тој во финалето беше подобар од Унгарецот Мартон Фучович со 2-0 во сетови 7:6 и 6:4.
Рековме ова е четврт по ред трофеј за Русинот на АТП турнирите. Да потсетиме на неговата серија, го освои Хамбург, Ст.Петерсбург, Виена и сега Ротердам.