четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Арманд Дуплантис постави нов рекорд на митингот во Франција

Арманд Дуплантис постави нов рекорд на митингот во Франција

Шведската атлетска ѕвезда Арманд Дуплантис веќе подолго време нема никаква конкуренција. Дуплантис постави нови граници во категоријата скок со стап и ги надмина историските рекорди на Сергеј Бубка, а сега се подобрува себеси со секон нов настап.

Дуплантис постави нов рекорд во услови во сала на последниот митинг кој се одиржа во францускиот град Клермон, прескокнувајќи 6 метри и 22 сантиметри. По два неуспешни обиди, Дуплантис ја прескокна поставената граница од трет пат и го освои првото место на Ол стар митингот во Клермонт, а воедно постави и нов рекорд.

– Кога доживувате вакви моменти, кога има ваква енергија и атмосфера во салата, во моментот кога полетувате со стапот, изгледа како да лебдите. Добив впечаток како моето тело воопшто да не слета на дуешкот после тој скок, – изјавил воодушевениот Дуплантис.