понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап

Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап

Шведскиот атлетичар, Арманд Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап откако на митингот во Белград прескокна 6,19 метри.

Дуплантис за еден сантиметар го сруши својот претходен рекорд кој го имаше поставено на 15. февруари 2020 година.

Швеѓанецот кој е олимписки и европски шампион, повеќе пати се обидуваше да ја прескокне оваа граница и конечно успеа.

 
„Долго го чекав овој момент. Досега не сум имал вистина која ми создавала толку проблем, затоа чувството е посебно. Се борев изминатите две години и конечно се случи. Навистина сум среќен“, изјави Дуплантис.