вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

АТП турнирот во Марсеј нема да се одржи во февруари

АТП турнирот во Марсеј нема да се одржи во февруари

Тенискиот турнир во францускиот град Марсеј којшто требаше да се одржи од 15 до 21 февруари, нема да се игра во закажаните термини, бидејќи тие сега се совпаѓаат со втората недела на Грен слемот Австралија опен.

Француските организатори соопштија дека турнирот најверојатно ќе се одржи во периодот 8-14 март.

Точниот термин ќе зависи од тоа дали Мастерсот во Индијан Велс предвиден да започне на 10 март ќе биде откажан.

Претходно беше објавено дека организаторите на турнирот во Индијан Велс се подготвени да бидат домаќини само доколку властите во Калифорнија дозволат влез на најмалку 25% од публиката.