Светскиот шампион во Мото ГП, Франческо Бањаја беше најбрз на трката за Големата награда на Индонезија и го презема лидерското место во генералниот пласман, откако Хорхе Мартин не ја заврши трката.
Шпанецот направи голема грешка и падна од моторот додека беше лидер на трката, а потоа не успеа да освои бодови и со тоа го испушти и врвот во генералниот пласман каде што Бањаја води со 18 бодови во моментов.
Второто место на трката во Индонезија му припадна на Марк Вињалес, додека трет заврши Фабио Квартараро.