вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

МОТО ГП: Франческо Бањаја победи во Асен

МОТО ГП:  Франческо Бањаја победи во Асен

Франческо Бањаја стигна до четврта победа во актуелната Мото ГП сезона, денеска триумфирајќи на трката за ГН на Холандија во Асен.

Членот на Дукати извозе уште една импресивна трка по која се најде на највисокото место на победничкиот пиедестал, оставајќи го зад себе сонародникот Марко Бецеки од тимот на ВР46.

Алеш Еспаргаро со својата Априлија ја заврши трката на четвртото место, но дојде до третата позиција благодарение на казната која ја заработи Бред Биндер.

Биндер беше казнет со губење една позиција поради напуштање на патеката во последниот круг од трката, па на тој начин го лансираше Еспаргаро на победничкиот подиум.

До десеттото место се најдоа и Мартин, А.Маркез, Марини, Накагами, Морбидели и Фернандез.