Светскиот шампион во категоријата Мото ГП, Италијанецот Франческо Бањаja, триумфираше со огромна предност пред пратителите во трката за Големата награда на Австрија. Возачот на тимот на Дукати Леново низ целта мина за 42:23.315 минути.
Второто место му припадна на Бред Бајндер, кој заостанува 5.195 секунди, а третото место му припадна на Марк Бецеки, кој има послабо време од 7.708 секунди зад победникот.
Италијанецот беше најдобар на стартот, додека Маверик Вињалес падна на десеттата позиција во првиот круг. Алекс Маркез долго време го држеше третото место, но на крајот беше претекнат од Марко Бецеки, додека Лука Марини заврши како петти.
Во генералниот поредок на шампионатот води Бањаја со 226 бодови, пред Шпанецот Хорхе Мартин со 180 и Марко Бецеки со 167 бодови.