Џенсон Батон го огласи за продажба својот Мекларен П1 хипер автомобил од 2015 година објаснувајќи на Инстаграм дека нема време да го вози својот автомобил.
-Решив да го огласам мојот Мекларен П1 за продажба за да некој друг ужвиа во него. Тешка одлука, но живеам во Америка и немам време да ја возам оваа убавица. И дадов последно возење во Силверстон за време на ВЕЦ трката минатиот месец – напиша Формула 1 првакот од 2009 година.
Автомобилот е гаражиран во Англија, има поминато само 900 километри и е огласен на Steve Hurn Cars вебсајтот по цена од 1,2 милиони фунти (2,1 милиони долари).
Автомобилот за прв пат се појави на Саемот во Париз во 2012 година и сите 375 произведнеи примероци од Ноември 2013 година се продадени, а производството заврши во Декември 2015 година. Негови конкуренти се ЛаФерари и Порше 918.