недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Батон го продаде својот Мекларен П1

Батон го продаде својот Мекларен П1

Џенсон Батон го огласи за продажба својот Мекларен П1 хипер автомобил од 2015 година објаснувајќи на Инстаграм дека нема време да го вози својот автомобил.

-Решив да го огласам мојот Мекларен П1 за продажба за да некој друг ужвиа во него. Тешка одлука, но живеам во Америка и немам време да ја возам оваа убавица. И дадов последно возење во Силверстон за време на ВЕЦ трката минатиот месец – напиша Формула 1 првакот од 2009 година.

Автомобилот е гаражиран во Англија, има поминато само 900 километри и е огласен на Steve Hurn Cars вебсајтот по цена од 1,2 милиони фунти (2,1 милиони долари).

Автомобилот за прв пат се појави на Саемот во Париз во 2012 година и сите 375 произведнеи примероци од Ноември 2013 година се продадени, а производството заврши во Декември 2015 година. Негови конкуренти се ЛаФерари и Порше 918.