недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Бирмингем домаќин на Европското првенство во атлетика во 2026 година

Бирмингем домаќин на Европското првенство во атлетика во 2026 година

Конгресот на Европската атлетска федерација во Варшава донесе одлука за некои големи настани од „кралицата на спортовите“ во иднина. Европското атлетско првенство на отворено во 2026 година ќе се одржи во Бирмингем.

Овој град ќе биде прв англиски домаќин на ова натпреварување. Европското првенство ќе се одржи на неодамна реновираниот стадион „Александер“, на кој претходно оваа година се одржаа Игрите на Комонвелт.

„Британската јавност исклучително ја цени врвната атлетика, а гледачите се меѓу најголемите познавачи во светот. Уверени сме дека најдобрите европски атлетичари ќе се натпреваруваат пред полни трибини“, рече претседателот на Eвропската атлетска федерација (ЕА), Добромир Карамиранов.

Следното Европско првенство ќе се одржи во Рим од 7 до 12 мај 2024 година.