среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Боксерите на МКД без ниту една победа на Европските игри во Краков

Боксерите на МКД без ниту една победа на Европските игри во Краков

Македонските боксери ги завршија своите настапи на Европските игри во Полска без ниту една победа.

Последен во рингот настапи Арјан Исени кој загуби од Михаил Цамалидис од Грција. Исени, во категоријата до 80 килограми, загуби со едногласна одлука на судиите со 0-5.

Претходно, како што е познато, во категоријата до 57 килограми, Ален Рустемовски загуби од Ибрахим Махмуд од Шведска, додека Илхан Озмен загуби од Италијанецот Џанлуиџи Малања.