недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Четири бронзени медали за Македонија на Балканското првенство во бокс

Четири бронзени медали за Македонија на Балканското првенство во бокс

Македонската боксерска репрезентација се закити со четири бронзени медали на Балканското првенство бокс кое изминативе денови се одржа во Албена, Бугарија.

Откако претходно Ален Рустемовски прв загуби во полуфиналната борба закитувајќи се со бронзата, и Дион Лена, Илхан Озмен и Арјан Исени загубија во полуфиналните пресметки па на крај освоија бронзен медал на балканскиот шампионат.

Најблиску до финале беше Арјан Исени кој загуби со поделена одлука на судиите од бугарскиот боксер Кристијан Николов. И двајцата прикажаа добра боксерска претстава која на крајот беше наградена со овации од публиката.