Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, со одлична тактика беше подобар од Макс Верстапен на спринт-трката која се одржа во Интерлагос и ќе тргне од првата позиција за трката на ГН на Бразил која се вози утре.
Двајцата завршија пред Карлос Сајнц од Ферари на кого му припадна четвртата позиција. Четврти заврши Мексиканецот Серхио Перез од Ред Бул. Петтата позиција ја освои Луис Хамилтон од Мерцедес кој извозе перфектно и од последното место обезбеди висок пласман. Но, ќе тргне пет позиции подолу поради санкција.
Најдобрите десет возачи ги комплетираат Ландо Норис, Чарлс Леклерк, Пјер Гасли, Естебан Окон и Себастијан Фетел.
Трката за ГН на Бразил на програмата е в недела од 18:00 часот. Со првото место на спринт-трката, Ботас освои три бода, Верстапен на контото додаде два, додека Сајнц доби еден бод. Сега, разликата во генералниот пласман изнесува 21 бод.