Откако го елиминираше Новак Ѓоковиќ, Алехандро Давидович Фокина доби огромна самодоверба и стигна до последниот меч во Монте Карло, но денеска таму имаше прерасположен ривал во Стефанос Циципас.
Гркот го диктираше темпото од самиот старт и го доби првиот сет со 6:3, додека во вториот имаше далеку поголема борба и истиот беше решен во тајбрејкот. Во истиот, Стефанос славеше со 7:3 и ја завери победата во финалето, со што стигна до одбрана на титулата која ја освои минатата година.
На тој начин, Циципас стана само шестиот тенисер во историјата кој ја одбранил титулата на Мастерсот во Монте Карло, по легендарните Настасе, Борг, Мустер, Фереро и Надал.