Грчкиот тенисер Стефанос Циципас полесно од очекувањата избори пласман во полуфиналето на Австралија
опен.
Циципас утрово на Грен слемот во Мелбурн, во четвртфиналето го совлада Италијанецот Јаник Синер со 3-0 (6:3, 6:4 и 6:2) по безмалку два часа игра.
Циципас кој е четврти носител на турнирот, во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот Данил Медведев (Русија) – Феликс Оже-Алијасим (Канада).
Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал (Шпанија) – Матео Беретини (Италија).