четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Данил Медведев без поголеми проблеми до следната фаза на УС Опен

Данил Медведев без поголеми проблеми до следната фаза на УС Опен

Рускиот тенисер Данил Медведев продолжи да игра без загубен сет на УС Опен. Во четвртиот меч вториот носител беше подобар од Даниел Еванс со 3-0 по сетови (3-6, 4-6, 3-6).

Русинот одигра уште еден рутински меч и продолжи да чекори кон завршницата без никакви проблеми.

Денешниот дуел донесе негова доминација од почеток до крај. Британецот не можеше да парира во ниту еден сегмент од играта и на крај го призна поразот.

Негов следен противник ќе биде изненадувањето на турнирот Ботик Ван де Зандшулп кој го доби маратонскиот меч во пет сета против Диего Шварцман (6-3, 6-4, 5-7, 5-7, 6-1).