Рускиот тенисер Данил Медведев е победник на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во италијанскиот главен град Рим.
Медведев до титулата во „вечниот град“ стигна откако во финалето славеше над Данецот, Холгер Руне со 2-0, по сетови 7-5 и 7-5.
Првиот сет беше решен во самиот финиш, додека во вториот Данецот иако имаше предност од 3-5, одигра катастрофални четири гема во низа кои беа доволни за прв триумф на земјена подлога за Русинот.
Русинот со оваа победа од утре ќе биде на второто место на АТП листата, а зад себе ќе го остави Новак Ѓоковиќ кој паѓа на третата позиција.