вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Данил Медведев ќе се бори за титулата на Мастерсот во Рим

Данил Медведев ќе се бори за титулата на Мастерсот во Рим

Рускиот тенисер Данил Медведев славеше против Стефанос Циципас со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 7-5 во полуфиналето на Мастерсот во Рим.

Медведев направи брејк уште во првиот гем од мечот и го чуваше водството до осмиот гем кога Гркот израмни на 4-4. Русинот, сепак, во продолжение прави уште еден брејк и го доби сетот со 7-5.

Идентичен беше и вториот сет од мечот, каде што рускиот тенисер направи два брејка и со 7-5 си обезбеди место во финалето.

Русинот за титулата во Рим ќе се бори против Холгер Руне кој беше подобар од Каспер Руд со 2-1 во сетови.