Рускиот тенисер Данил Медведев во своето трето учество на турнирите оваа година дојде до првата титула.
Медведев денеска ја освои титулата на турнирот во Марсеј од АТП серијата 250, откако во завршниот меч беше подобар од Пјер Ербер .
Медведев го доби првиот сет со 6:4, Французинот возврати во тајбрејкот во вториот сет со 7:4, а во одлучувачкиот сет, доволен беше само еден брејк, оној во последниот сервис гејм за 6:4.
За младиот Русин ова е јубилеен 10-ти трофеј во кариерата, а со истиоит на најдобар можен начин го прослави второто место на АТП ранг листата.