среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонија на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонија на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски овој месец испиша историја откако обезбеди норма за Олимписките игри во Токио со одлично издание на квалификацискиот турнир во Софија.

Попладнево пристигна и информација дека тој ќе ја предводи македонската делгација на Далечниот Исток и ќе биде знаменосец. Ова на социјалните мрежи го откри Дарко Костовски, тренер во клубот „Бутел“.

„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“ – напиша Дарко Костовски.

Дејан Георгиевски е вториот македонски олимпиец учесник во Токио, по борачот Могамедгаџи Нуров.