недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Дејан Недев оствари средба со претседателот на Данската карате федерација, Џаспер Гран

Дејан Недев оствари средба со претседателот на Данската карате федерација, Џаспер Гран

Во рамки на посетата на Данска, Дејан Недев во Копенхаген оствари средба со претседателот на Данската карате федерација, Сенсеи Џаспер Гран.

На средбата беше разговарано за отпочнување на соработка помеѓу Македонската и Данската федерација карате федерација преку учество на меѓународни карате семинари и натпревари во традиционалното карате.

Дејан Недев како генерален секретар на светската федерација ИТКФ упати и покана до Дин Џаспер за членство на Данската федерација во европската ЕТКФ и светската ИТКФ федерација за традиционално карате.

Џаспер се заблагодари на поканата на Недев и рече дека со задоволство ја прифаќа поканата да станат членови на ЕТКФ и ИТКФ. Инаку Дејан Недев на 23 и 24 август на покана на Данската федерација го посети и новиот најмодерен центар за боречки спортови (карате, џудо, џиу џица, таеквондо и кик боксери) во Копенхаген, Данска.