Франческо „Пеко“ Бањаја првпат стигна до победа на Австриското ГП на патеката Ред бул ринг во Шпилберг, откако ја презеде контролата на стартот на трката и со своето Дукати стигна до доминантна победа пред светскиот шампион Фабио Квартараро во Јамаха и уште еден возач на Дукати, Џек Милер.
За Бањаја ова е трета победа едноподруго, по доминацијата во Велика Британија и Холандија и петта оваа сезона и само лошиот старт на сезоната го спречи да биде убедлив лидер во генерален пласман.
Тој останува на третото место во генерален пласман со 156 поени, 44 зад лидерот Квартараро и 11 зад второпласираниот Алеиш Еспархаро.
Квартараро, кој имаше лош старт и не се наоѓаше меѓу фаворитите на оваа трка со својата Јамаха, сепак, во последните три-четири круга покажа зошто е светски шампион, поминувајќи ги Хорхе Мартин и Џек Милер за второто место.