четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ДОНЕСЕНА КОНЕЧНА ОДЛУКА: Забрана за странски навивачи на ОИ во Токио

ДОНЕСЕНА КОНЕЧНА ОДЛУКА: Забрана за странски навивачи на ОИ во Токио

Организацискиот одбор на Олимписки и Параолимписки игри донесе денеска конечна одлука да забрани влез на странски навивачи на двете големи спортски манифестации што од крајот на јули до почетокот на септември ќе се одржат во Токио поради пандемијата на коронавирус.

На странските државјани кои веќе купиле билети за Игрите во Токиот парите ќе им бидат рефундирани, соопштено по денешниот состанок на Организацискиот одбор на кој присуствуваа и претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах и гувернерот на Токио Јурико Коике.

-Тоа е многу жално, им изјави Коике на новинарите по состанокот во Токио, додавајќи, меѓутоа, дека одлуката била „неизбежна“ имајќи предвид дека приоритет за одржување на успешни Игри е здравјето и безбедноста на спортистите и јапонската јавност.

Олимписките игри што минатата година беа одложени поради пандемијата на Ковид-19 треба да се одржат од 23 мај до 8 август, додека Параолипмиските игри се на распоредот од 24 август до 5 септември.

Организацискиот одбор на Игрите во Токио објави дека ќе бидат рефундирани 600.000 влезници за Олимписките и уште 300.000 за Параолимписките игри.

Извршниот директор на Организацискиот одбор Токио 2020 Тоширо Муто рече дека нема да соопшти колку ќе чини рефундирањето на купените влезници.