Откако во 2017 година стана светски шампион во категоријата најсилен човек, Еди Хол се ориентира кон боксот. Значително изгуби на тежина за да си ја одмери силата против Хафтхор Бјорнсон.
Пет години подоцна, Хол се враќа на спортот со кој се прослави. На 26 ноември годинава ќе си ја мери силата со најсилните луѓе во светот, како лидер на британскиот тим во натпреварувањето за најсилна нација во светот.
Интензивните подготовки за овој настан траат веќе три месеци, а влијаат и на исхраната на Хол. Секој ден внесува по 4600 калории, што е трипати помалку отколку кога професионални се натпреваруваше.
До 9:30 часот веќе имаше изедено две порции појадок и една ужина и внесено 3000 калории, поради што често беше уморен и мораше да дремне. Сепак, и покрај тоа што беше атлетски граден и мускулест, неговата исхрана не беше здрава. Јадеше пржена храна, по килограм тестенини и слично.
Денес сликата е сосем поинаква. Внесува многу протеини во текот на денот. Појадува шејк, руча пилешко и зеленчук. За ужина бира шејк, а за вечера се чести со бургер и компири.
Моментално тежи 160 килограми, а до неодамна беше фокусиран на боксот и консумираше 7000 калории дневно.