Спортскиот директор на Мекларен, Ерик Булие си поднесе оставка по слабите резултати на тимот оваа сезона во Формула 1.
Првиот човек на Мекларен, Зек Браун, ја прифати оставката на Булие и на негово место го назначи Жил де Феран.
– Нашиот болид досега покажа перформанси, кои се далеку под очекувањата поставени во почетокот на сезоната. Причините за потфрлањето се системски и структурни и поради тоа се потребни големи измени. Денешните измени се само прв чекор кон исправање на грешките. Би сакал во име на тимот да му заблагодарам на Булие за придонесот во Мекларен и да му посакам успех во иднина, истакна Браун.
Пред почетокот на сезоната Мекларен ја прекина соработката со Хонда и почна да користи мотори на Рено.
Слабите резултати на Мекларен оваа сезона, кој се наоѓа на шестото место на табелата со конструктори во Формула 1, неизбежно доведоа до оставката на Булие.