недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ешли Барти пишува книги за деца

Ешли Барти пишува книги за деца

Откако ја изненади спортската јавност со одлуката да се повлече од професионалниот тенис, поранешната најдобра светска тенисерка Ешли Барти најави дека отвора ново поглавје во својот живот, посветувајќи се на пишување книги за деца.

Австралијката, која минатиот месец на 25-годишна возраст одлучи да ја прекине својата тениска кариера, изјави за ЊузКорп дека ќе издаде серија од шест книги под наслов „Малата Еш (’Little Ash‘) со многу приказни, кои ќе се темелат на нејзините животни искуства и нејзиното семејство.

Барти рече дека инспирацијата за својот нов проект ја нашла во својата петгодишна внука Луси.

Серијалот од шест книги со авторскиот потпис на Барти ќе го објави издавачката куќа ХарперКолинс (HarperCollins), а првата книга е најавена за мај.

– Овој проект е многу интересен и отсекогаш сакав да го работам, изјави Барти.

Според најавите, издавачката куќа кон крајот на годината ќе го објави и нејзиниот втор проект, момоари за животот Ешли Барти и нејзиното спортско патешествие.

– Со 25 години не е баш вообичаено вакво нешто да се случува, но тоа е многу возбудлив проект. Гледањето наназад и прераскажувањето на тоа ми донесе толку многу радост, но и болка, меѓутоа мислам дека ќе биде многу добро четиво, додаде поранешната најдобра светска тенисерка.