Возачот на Априлја, Алес Еспаргаро, триумфираше на Големата награда на Британија која беше деветта трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП, а воедно и прва по летната пауза.
На „Силверстоун“, Еспаргаро ја оствари втората победа во кариерата, прва по минатогодишната трка во Аргентина, а воедно го донесе и вториот триумф во историјата на Априлија.
До победата стигна претекнувајќи го актуелниот светски шампион Франческо Бањаја во последниот круг. Еспаргаро заврши пред Бањаја со две десетинки предност, додека Бред Биндер од КТМ беше трет.
Еспаргаро до големата победа стигна иако возеше на дожд со суви гуми – ја чекаше својата шанса и на крајот ја дочека.