понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Еспаргаро славеше голема победа на „Силверстоун“

Еспаргаро славеше голема победа на „Силверстоун“
Monster Energy Grand Prix of Britain, 41 Aleix Espargaro, SPA, Aprilia Racing during the wet MotoGP Qualifying at the Monster Energy Grand Prix of Britain, Silverstone, Silverstone Britain Copyright: xGrahamxHoltx _DX_2268

Возачот на Априлја, Алес Еспаргаро, триумфираше на Големата награда на Британија која беше деветта трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП, а воедно и прва по летната пауза.

На „Силверстоун“, Еспаргаро ја оствари втората победа во кариерата, прва по минатогодишната трка во Аргентина, а воедно го донесе и вториот триумф во историјата на Априлија.

До победата стигна претекнувајќи го актуелниот светски шампион Франческо Бањаја во последниот круг. Еспаргаро заврши пред Бањаја со две десетинки предност, додека Бред Биндер од КТМ беше трет.

Еспаргаро до големата победа стигна  иако возеше на дожд со суви гуми – ја чекаше својата шанса и на крајот ја дочека.