среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ф1: Без трки во Франција идната година

Ф1: Без трки во Франција идната година

Во календарот на Формула 1 за 2023 година нема да има трки во Франција, објави денеска Ф1, што значи дека нема да биде продолжен договорот потпишан во 2018 година за патеката Кастелет.

Шефот н Ф1 Стефано Доменикали изјави на прес-конференција дека преговорите, сепак, продолжуваат со промоторот за ГН на Франција и оти трката би можела да се врати во календарот во рамки на ротација со другите трки.

– Разговорите се отворени и постои можност, не за идната година, тука за во иднина да се најде систем на ротација, кој би овозможил на сите да бидат дел од календарот, посочи Доменикали.

Покрај ГН на Франција, договорите за партнерство со Ф1 за 2023 година сè уште ги немаат обновена и ГН на Белгија и ГН на Монако.
(МИА)