петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ф1: Вандорн нов резервен возач на Астон Мартин

Ф1: Вандорн нов резервен возач на Астон Мартин

Белгиецот Стофел Вандорн од следната сезона ќе биде резервен возач на екипата Астон Мартин, соопшти британскиот тим кој се натпреварува во Формула 1.

Вандорн е поранешен член на Мекларен, а зад себе има вкупно 41 трка во Ф1.

Белгискиот возач сезонава ја освои титулата во Формула Е (електромотори), а од 2019 година беше резервен возач на Мекларен.

Од септември годинава резервен возач на Астон Мартин е и Бразилецот Фелипе Друговиќ, копја е актуелен првак во Формула 2.