Францускиот мотоциклиста Фабио Квартараро имаше одлична трка за ГН на Холандија и го освои првото место, четврто за него оваа сезона во МОТО ГП шампионат.
Квартараро тргна од второто место, а во средина на трката ја презеде лидерската позиција и ниту еднаш не ја испушти откако им избега за пет секунди на конкурентите. Второто место му припадна на Маверик Вињалес додека Жоан Мир го комплетира подиумот и заврши како трет.
Еден од најдобрите МотоГП возачи, Валентино Роси, падна со својата Јамаха и не ја заврши трката на една од омилените патеки.
Следната трка во МотоГП шампионатот е по летната пауза, на осми август, а возачите ќе се борат за титулата на ГН на Штаерска, Австрија.