Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го откажа својот настап на уште еден турнир, откако беше објавено дека Швајцарецот нема да учествува на Мастерсот во Мајами.
„По Доха и можеби Дубаи, Федерер ќе се врати со лесен тренинг за да се подготви за остатокот од сезоната“, изјави неговиот менаџер Тони Годсик.
Последниот натпревар Федерер го одигра на седми февруари минатата година, кога го победи Рафаел Надал во ревијален натпревар.