Швајцарецот Роже Федерер, наскоро ќе наполни 41 година, а враќањето на терен по се изгледа и не му е некој приоритет.
Некогашниот светски број1 и сопственик на 20 гренд слем трофеи, ужива со семејството далеку од тенисот и не му беше тешко да се навикне на тоа.
„Сакам да победува, но ако веќе немате желба за натпреварување, тогаш е подобро да престанете со тоа што го правите. Тенисот не ми е потребен, тој е само дел од мојата личност, сакам да останам успешен и да вложам своја енергија во работата“, истакна Федерер.
Швајцарецот поради операцијата на коленото, е надвор од терените повеќе од една година, а последен пат на терен беше на Вимблдон 2021 година.
Она што е најпонижувачки за неговите фанови е тоа што Федерер е надвор од професионалниот ранкинг во тенисот.
Like an amateur player, Roger Federer is officially UNRANKED today
— We Are Tennis (@WeAreTennis) July 11, 2022