Макс Ферстапен триумфираше на Мексиканското ГП за да ја забележи рекордната 14. победа во една сезона, покажувајќи ја доминацијата на Ред бул оваа сезона во трка во која најблиски ривали им беа Мерцедес, додека Ферари беа само третиот најбрз тим на трката.
Ферстапен на крајот победи пред својот стар ривал, Луис Хамилтон во Мерцедес, додека домашниот херој, Серхио Чеко Перез заврши на третото место со вториот Ред бул откако имаше фантастична трка.
Во поени беа и Џорџ Расел, двајцата возачи на Ферари, Карлос Саинс Јуниор и Шарл Леклер, кои имаа потпросечна трка, Даниел Рикардо во Мекларен на седмото место, Естебан Окон (Алпин), Лендо Норис (Мекларен) и Валтери Ботас (Алфа Ромео).
Ова е победа број 14 во 2022 година за Холанѓанецот, со што го помина рекордот на Михаел Шумахер (2003) и Себастијан Фетел (2014) од 13 победи во можеби најсупериорната сезона во историјата на спортот.