четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ферстапен ќе ја задржи титулата од 2021 година

Ферстапен ќе ја задржи титулата од 2021 година

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) го објави документот за кршење на буџетот за 2021 година, а Ред Бул е виновен само за мали прекршоци и тоа нема да влијае на конечниот резултат на сезоната, односно Макс Ферстапен ќе ја задржи титулата.

ФИА соопшти дека Ред Бул направил мал прекшрок, а засега не е познато за колку пари го пробила ограничениот буџет, но се шпекулира дека сумата е помала од два милиони евра.

Возачот на Мерцедес и седумкратен светски првак Луис Хамилтон претходно кажа дека се надева на казна на Ферстапен со тоа што ќе ја добие осмата титула, но сепак такво нешто нема да се случи.