Ред Бул ја освои титулата во конкуренција на конструктори, а пак Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Јапонија, Мекларен имаше двајца возачи на подиумот.
Макс Ферстапен дојде до 13. победа оваа сезона откако беше најбрз на „Сузика“ во Јапонија. Со неговите бодови Ред Бул ја завери титулата во конкуренција на конструктори.
Успех слават и во таборот на Мекларен, двајцата нивни возачи обезбедија подиум. Ландо Норис беше втор, додека Оскар Пјастри беше трет.
Четвртото место го освои Леклер, а во позициите кои носат бодови беа и Хамилтон, Саинц, Расел, Алонсо, Окон и Гасли.