Макс Ферстапен продолжи онаму кадешто застана минатиот месец, но начинот на кој го направи тоа денеска во Белгија беше застрашувачки и дури и депримирачки за ривалите на Ред Бул.
Холанѓанецот стартуваше 14-ти на трката за Големата награда на Белгија, но по само 12 извозени круга дојде до првото место.
По влегувањето во бокс, актуелниот светски шампион се врати на втората позиција зад Саинц, но потребно му беше само малку за да го „прелета“ возачот на Ферари и да биде и официјално прв во 18-от круг.
Од тој момент до крајот, Ферстапен имаше рутинско издание и покажа страшна доминација на неговата омилена трка, која се важи и за домашна со оглед на тоа што има и белгиски корени.
Четврт заврши Џорџ Расел, а иако петти требаше да биде Леклер, новата глупост на Ферари му одзема позиција во самата завршница. Шарл беше повикан во бокс за да се брка најбрз круг, но во тие моменти возел со недозволена брзина во пит-стопот и беше казнет со пет секунди на крајот од трката. Од тоа профитираше Фернандо Алонсо кој заврши петти, а Леклер на крајот беше шести. Естебан Окон со сензационално престигнување го заслужи седмото место, а меѓу првите 10 беа уште Фетел, Гасли и Албон.