сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Ферстапен триумфираше на ГН на Франција

Ферстапен триумфираше на ГН на Франција

Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул), победи на денешната трка за Големата награда на Франција, пред возачите на Мекларен, Британците Луис Хамилтон и Џорџ Расел.

За седумкратниот светски првак Хамилтон, кому ова му беше 300. настап во Ф1 во кариерата, ова е најдобриот пласман оваа сезона.

Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, кој тргна од полпозицијата, излета од патеката во 18. круг и удри во заштитната ограда по што мораше да се откаже од трката на која до инцидентот беше во водство.

Триумфот на ГН на Франција му донесе на Ферстапен зголемување на предноста во генералниот пласман и холандскиот возач сега има 233 бодови, 63 повеќе од вториот Леклер, а 70 повеќе од третопласираниот Серхио Перез (Ред Бул).

Следната трка е за Големата награда на Унгарија следниот викенд.