петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФИА ја поништи казната на Фернандо Алонсо

ФИА ја поништи казната на Фернандо Алонсо

Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) денеска ја укина казната за возачот на Алпин, Фернандо Алонсо, кој на тој начин ја заврши трката во Формула 1 во Соединетите Американски Држави на седмото место.

Алонсо ја мина целта во Остин во неделата на седмото место, а потоа имаше жалба од тимот на Хаас, кој бараше Алонсо да биде казнет за возење во небезбедни услови по сударот со Ленс Строл (Астон Мартин).

ФИА првично ја усвои жалбата на Хаас и го казни Алонсо со дополнителни 30 секунди, со што Шпанецот падна на 15-тото место во поредокот.

Во својата жалба, Алпин наведе нови докази, како што е фактот дека Хаас го испратил своето барање 24 минути по истекот на рокот.

Алонсо на три трки пред крајот (се вози и спринт во Бразил), го зазема деветото место со 71 бод.