среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

ФИА следната година ќе наложи промена на болидите во Формула 1

ФИА следната година ќе наложи промена на болидите во Формула 1

Меѓународната федерација за автомобилизам (ФИА) планира да направи неколку промени на болидите пред почетокот на сезоната 2023.

Проблемите на тимовите дојдоа до израз за време на викендот за ГН на Азербејџан кога некои од возачите се пожалија на сериозни болки во грбот. Меѓу нив беа Даниел Рикиардо, Пјер Гасли и Луис Хамилтон, кој дури беше на работ да се повлече од самата трка во Баку поради силни болки.

По викендот на брегот на Каспиското Море, ФИА објави нова техничка директива која ќе има за цел да го елиминира „вертикалното забрзување“ оваа година. Овие мерки, кои требаше да бидат воведени во Британија, но беа одложени до Големата награда на Белгија, ќе бидат само привремено решение за проблемот со отскокнувањето.

Трајните мерки ќе стапат на сила од почетокот на 2023 година. Меѓу мерките ќе биде подигање на работ на подот за 25 милиметри, како и подигање на предниот дел на дифузерот.