Светскиот првак во верзијата ВБЦ, Тајсон Фјури, објави дека дефинитивно ја завршува својата боксерска кариера.
Фјури пред два дена најави дека е подготвен за камбек во рингот за нова борба со Британецот Дерек Чисора, што ќе значеше промена на ставот откако Британецот по големиот тримф над Дилиан Вајт објави дека веќе нема да боксува бидејќи тоа и го ветил на својата сопруга.Како опција се споменуваше и негова борба со Ентони Џошуа, но светскиот првак денеска повторно ги разочара своите фанови објавувајќи дека нема да се врати во рингот.
-Голема благодарност на сите оние кои придонесоа за мојата кариера, во текот на изминатите години и сега. По долги и тешки разговори решив ова да биде и конечно збогум, објави Фјури.