Британскиот боксер Тајсон Фјури експресно одговори на „фрлената ракавица“ од Ентони Џошуа, порачувајќи му на својот сонародник да се подготви за меч во кој нема да издржи подолго од три рунди.
Џошуа синоќа со нокаут против Бугаринот Кубрат Пулев ја одбрани титулата светски првак во супертешка категорија во верзиите IBF, WBA и WBO и го предизвика шампионот во верзијата WBC.
– Мојот следен противник нека биде оној, кој го поседува појасот што ми недостасува. Ако е тоа Фјури, тогаш нека биде Фјури, порача Џошуа по победата над Пулев во Лондон.
-Подготвен сум за него, сакам тоа да биде мојата следна борба. Ќе го нокаутирам во првите три рунди, експресно му возврати Фјури, додека неговиот менаџер Боб Арум претстојниот дуел за обединување на титулите го најави како најголемиот меч во историјата по оној меѓу легендарните Мухамед Али и Џое Фрејзер од пред половина век.
-Очигледно се е подготвено за најголемиот меч во супертешка категорија во историјата по Али – Фрејзер во 1971 година“, порача Арум.