четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Формула 1 го објави официјалниот календар за 2023-та

Формула 1 го објави официјалниот календар за 2023-та

Формула 1 во 2023 година ќе има 23 наместо 24 трки, соопшти раководството на Ф1. Формула 1 во вторникот го потврди годинешниот календар со 23 трки, наместо планираните 24, откако беше донесена одлука да нема замена за откажаната трка за Големата награда на Кина.

Формула 1 минатиот месец ја откажа трката на 16-ти април во Кина поради „тешкотии предизвикани од ситуацијата со Covid-19“. Се бараше алтернативно место за замена на Кина, но на крајот идејата беше напуштена, па претстојната сезона ќе има 23 трки.

Сезоната започнува на 5-ти март со трката за Големата награда на Бахреин во Сахир, по што следиат трките во Саудиска Арабија на 19-ти март во Џеда и во Австралија во Мелбурн на 2-ри април. Следуваат трките во Азербејџан, САД, Италија, Монако, Шпанија… Последната трка во календарот е Големата награда на Абу Даби на 26-ти ноември.

Ќе се натпреваруваат 10 екипи, а шампионската титула ја бранат Холанѓанецот Макс Верстапен и тимот на Ред Бул.

Календар за 2023 година.
1. Бахреин (Сахир) – 5 март
2. Саудиска Арабија (Џеда) – 19 март
3. Австралија (Мелбурн) – 2 април
4. Азербејџан (Баку) – 30 април
5. Мајами (Мајами Гарденс) – 7 мај
6. Емилија Ромања (Имола) – 21 мај
7. Монако (Монако) – 28 мај
8. Шпанија (Барселона-Каталуња) – 4 јуни
9. Канада (Монтреал) – 18 јуни
10. Австрија (Шпилберг) – 2 јули
11. Велика Британија (Силверстоун) – 9 јули
12. Унгарија (Хунгароринг) – 23 јули
13. Белгија (Спа-Франкоршамп) – 30 јули
14. Холандија (Зандворт) – 27 август
15. Италија (Монца) – 3 септември
16. Сингапур (Сингапур) – 17 септември
17. Јапонија (Сузука) – 24 септември
18. Катар (Лусаил) – 8 октомври
19. САД (Остин) – 22 октомври
20. Мексико Сити (Мексико Сити) – 29 октомври
21. Сао Паоло (Сао Паоло) – 5 ноември
22. Лас Вегас (Лас Вегас) – 18 ноември
23. Абу Даби (Абу Даби) – 26 ноември