среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Формула 1 ќе се вози и во Њујорк?

Формула 1 ќе се вози и во Њујорк?

Кристијан Хорнер ја поддржа идејата за одржување на четири Гран При трки во САД во рамките на Формула 1 шампионатот.

Во 2023 година возачите ќе возат во Мајами, Остин и Лас Вегас, а шефот на Ред Бул вели дека со задоволство би возеле и во Њујорк, каде тимот го промовираше новиот болид и партнерството со Форд.

„Би било неверојатно. Трките во големите американски градови се нешто многу возбудливо. На пример, Гран При овде во Големото јаболко – тоа би било нешто неверојатно. Четири ГН на САД? Никогаш не вели никогаш. Одлично е што во САД постои таков интерес за Формула 1. Имавме среќа да се тркаме на одлични места, без разлика дали тоа е урбана патека во Мајами, автодром во Остин, а и Вегас ќе биде луд оваа година“, вели Хорнер.